
Искусниот фудбалер за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната останува дел од Работнички. По денешната средба со раководството на клубот тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот.
Алими од денес ќе се приклучи на подготовките на тимот во Охрид.
Работнички денес го очекува пријателски натпревар со второлигашот Охрид, а на 6. февруари ќе има тест и против Воска Спорт.