Слога Виница утре ќе одигра пријателски меч со младинците на Академија Пандев

Второлигашот Слога од Виница утре ќе одигра нов пријателски натпревар против младинците на Академија Пандев од Струмица.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Виница со почеток од 13:00 часот.

Претходно Слога ремизираше со прволигашот Силекс (0:0) во пријателски меч со хуманитарен карактер во Виница, a загуби од Тиквеш со 3:0 во Кавадарци.

Слога Виница „генералката“ ќе ја одигра против Вардар од Неготино, лидер во Трета лига – Југ и клуб кој важи за главен фаворит за баражот преку кој ќе се обиде да се врати во Втората македонска фудбалска лига.