
Прволигашите Работнички и Тиквеш ја продолжуваат соработката со неколку играчи за новата сезона во Првата лига.
Работнички кој сезоната ја заврши на третото место во Првата лига и ќе има европско лето ја продолжи соработката со Бесир Демири, кој во дресот на „романтичарите“ ќе остане најмалку до јуни 2027 година.
Работнички ја продолжи соработката и со Ермедин Адем, кој потпиша нов едногодишен договор со „романтичарите“.
Зад Работнички е повеќе од успешна сезона во првата лига, а сега фокусот се става на успешно претставување и во Европа.
Тиквеш кој се избори за опстанок во Првата лига и за следната сезона 2025/2026 ја продолжи соработката со Александар Мишов, кој е првиот фудбалер кој ја продолжи соработката со прволигашот од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет