Прес конференција на СДСМ Штип за цената на водата за пиење во Штип

Цената на водата од 39,46 е покачена на 40,16 денари за метар кубен истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Додаваат дека цените за собирање смет се покачени за 110%, а за јавно зеленило за 200%.


„Овие бројки се непобитен доказ дека Јорданов лаже и манипулира со граѓаните.
Со лажни ветувања, се прави привид за да се избегне јавен притисок, но на крајот граѓаните се соочуваат со повисоки сметки.
За споредба,  цената на водата денес е за 26% повисока од цената на водата во 2021 година, во време на владеењето на СДСМ.
Цената за канализација повисока за 16% , додека ставката за собирање смет повисока за цели 120% и за зеленило за 200%.
Споредбено ,едно домаќинство кое во 2021 имала сметка од 870 денари, за иста количина потрошена вода и иста квадратура на срамбен објект и дворо место, сега плаќа 1398 денари или 6336 денари повеќе на годишно ниво.“ – велат од СДСМ.

Нема покачување на цената на вода, и неточно е дека ќе се уништува бунарскиот систем на водоснабдување одговор Јорданов. Додаде дека граѓаните ќе сведочат на проектите за подобар град.

Јорданов додаде дека се работи со цел подобар град и подобри услуги.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет