Штипјанецот Бобан Георгиев го засили Арсими – целта на второлигашот е влез во Прва лига

Второлигашот Арсими од Чегране за пролетната полусезона доби супер засилување, се работи за искусниот фудбалер Бобан Георгиев, кој доаѓа од редовите на прволигашот Пелистер од Битола.

28-годишниот штипјанец покрај прволигашко искуство во Арсими носи и меѓународно искуство и треба да биде клучна алка во играта на Арсими кој ќе атакува на местата кои водат кон Првата лига, што за Арсими тоа би било историски успех.

Штипјанецот низ својата кариера во македонскиот шампионат има настапувано за Металург, Брегалница, Силекс, Воска Спорт и Пелистер, додека пак во странство настапуваше за Радник од Србија, а пак во Босна и Херцеговина беше дел од Борац Бања Лука и Леотар Требиње.

Арсими се засили и со Шабан Мемети, Алтин Зибери, Албан Шабани и Џезаир Авдули, а нови засилувања се и Мартин Радовлиќ Величковиќ, Албан Таипи, Алпај Јусуф и Малик Белули.

Арсими е на 4. место на табелата со 29 бодови, има три помалку од Башкими кој е трет или во бараж зоната и четири помалку од Брегалница која е на второто место или во зоната за директен влез во Прва лига.

Дополнително Арсими обезбеди и историско четвртфинале од Купот на Македонија, каде ќе се соочи со прволигашот Брера Струмица.

Веќе во сабота Арсими ќе гостува кај Беласица во Струмица во рамки на првото пролетно коло.

Александар Ванев, М-Нет