
Извршен воведот во градежните активности за изградба на паркот во населбата 8 Ноември во Штип. Паркот е предвиден на локација кај велосипеднско-пешачката патека, покрај реката Брегалница во кој што се превидени повеќе содржини. Градоначалникот Иван Јорданов, вели дека пракот ќе вклучува урбана опрема зеленило, осветлување, како и третирање и уредување.
“Во рамки на проектот преку граничниот проект за зелена трансформација и за изградба на три парковни површини на територија на Општина Штип, денес заедно со проектантот и економскиот оператор изведувач сме на локацијата, каде што ќе извршиме увид односно вовед во градежните активности на локацијата, која што за јавноста е позната и се наоѓа помеѓу нас. 8 Ноември и велосипеднско пешачката патека, покрај реката Брегалница. Паркот предвидува повеќе содржини, урбана опрема, зеленило, сандицни, целосно осветлување и третирање и уредување на еден запоставен дел, кои ќе добие вреднос со изградбата на самиот парк, а динамиката на реализација на трите проекти во зависност од економскиот оператор кој што е задолжен, по заврувањето на паркот покрај патеката, ќе се третираат и останатите површини предвидени во самиот проект.“, вели Јорданов
За идведувачите се потребни само три дена за да започат со активностите, а истите се планирани да бидат завршени во рок од три месеци.
По завршувањето на овој парк покрај пешачката патека во 8 Номеври, предвидено е активностите да продолжат и во останатие површини, кои што се предвидени од самиот проект.
Иван Митев, М-Нет