
Прволигашот Башкими последен ги започна летните подготовки за новата сезона и клубот од Куманово под водство на новиот тренер Гајур Реџеп ќе има една недела за припреми до првиот меч, кога Башкими во рамки на првото коло ќе гостува во Кратово кај Силекс.
Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер Баже Јанакиевски, а притоа се раздели со неколку фудбалери на кои им се заблагодари за досегашната соработа – Есмин Личина, Борјан пановски, Амир Јашар, Сумер Хасан, Фисник Зука, Емир Асани, Давид Манасиевски, Анатолиј Петејчук, Филип Алексовски, Решул Мемеди, Фодај Травали како и Емануел Аворнио.
Од клубот посочуваат дека ќе продолжат заедно кон сите нови предизвици, нагласувајќи дека започнуваат ново поглавје.
Пред две сезони Башкими се врати во елитата, а во новата сезона дефинитивно целта ќе биде да се обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет