
Првачињата од основните училишта во Кочани со свечена заклетва која ја кажаа во еден глас станаа дел од детската организација. Со пригодна манифестација во Градскиот парк во Кочани се одбележа Неделата на детето. Во оваа прилика градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека Општина Кочани цврсто како потпора стои зад најмалите – децата со цел да прераснат во големи и успешни граѓани.
„Неделата од 2 до 9 октомври е Недела на детето. Под мотото „Јас и светот околу мене“ го вртите светот особено во нашиот град. Треба сите да бидеме свртени посветени кон вас, да се грижиме за вашите потреби, за вашите барања, да создаваме услови за успешно образование за среќно детство и прераснување на наши големи и успешни сограѓани.“ – вели Папазов.

Оваа година Општина Кочани за првпат симболично на сите првачиња им додели вредносен ваучер од 3000 денари со цел да им се помогне на родителите. Да се задржат насмевките на детските лица порача Папазов во денешната прилика.
Лаура Стојанова М-Нет