Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Штип со низа активности ја одбележаа Неделата на детето

Со свечена заклетва и ветување дека ќе бидат послушни и паметни првачињата од ООУ „Гоце Делечев“ Штип станаа дел од детската организација. Во склоп на Неделата на детето училиштето се вклучи во низа настани кои се реализираа оваа недела. Денеска приготвија приредба на која се даде значење на правата на децата.

„Нашето училиште се вклучи во повеќе активности под мотото „Јас и светот околу мене“. Во овие активности главен акцент беше дадено на детето, пред се на почитување на правата на детето. Најпрво одделенските раководители ги запознаа своите ученици со правата на детето. Учениците од првите одделенија ја посетија библиотеката, а првачињата со заклетва се вклучија во детската организација“- вели Трајкова.

Музички точки, рецитал, игра, музика, многу забава и насмеани детски лица беше сликата денеска во ООУ Гоце Делчев Штип. Децата покажаа што значи училиштетото за нив и другарството пред се.

Изминатата недела децата имаа можност да се запознаат со правата на детето, а со помош на наставниците беа дел од активности кои се спроведоа во и надвор од училиштето.

Лаура Стојанова М-Нет