Прв бод за фудбалерките на Кочани, шампионот Љуботен и Скопје максимални

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

По четири одиграни кола повратникот во Првата женска фудбалска лига, екипата на Кочани дојде до првиот бод, откако на домашен терен ремизираше со Ас Јунајтед играјќи 2:2.

После трите порази во низа на стартот од новата сезона за тимот на Оливер Андоновски ова е прв бод, а пак Ас Јунајтед ја прекина низата од три победи откако мораше како фаворит да се задоволи само со бод.

Скопје е максимален во фудбалската елита на Македонија, откако со убедливи 7:0 го декласираше тимот на Речица, а пак висока победа имаше и шампионот Љуботен откаок со 0:3 славеше над Топ Гол во Битола.

Екипите на Скопје и Љуботен засега се максимални со по четири победи од четири натпревари.

Каменица Саса на домашен терен со превисоки 8:0 го декласираше дебитантот Вардар, а пак Истатов со 1:3 славеше во Струмица над Тиверија Брера.

Во однос на табелата Љуботен и Скопје имаат максимални 12 бодови, а пак на третото место е Ас Јунајтед со 10 бодови. По шест бодови имаат Каменица Саса и Истатов кои го делат четвртото место.

Тиверија е шеста и денес го игра одложениот меч со Вардар кој е на дното, а по три бодови имаат и Топ Гол кој е седми и Речица која е осма, а пак Кочани има само еден освоен бод и се наоѓа во долниот дел од табелата.

Александар Ванев, М-Нет