
Прволигашот Башкими без проблеми ја совлада Победа со убедливи 0:4 и обезбеди осминафинале од Купот на Македонија.
Повеќе од јасна беше разликата, а прволигашот од Куманово беше апсолутен фаворит против второлигашот од Прилеп.
Резултатот беше отворен во 25. минута преку голот на Недим Хаџич за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Ресуљ Мемети во 76. минута зголеми на 0:2. Во финишот на мечот Мухарем Мислими и Емануел Аворнуо ги поставија конечни 0:4.
Башкими сега се чекираше во осминафиналето каде веќе свое место обезбедија штипска Брегалница, Охрид, Македонија ЃП, Работнички, Силекс, Детонит Плачковица, Беласица, Шкендија Арачиново, Пелистер и Новаци.
Денес се затвара првата фаза од Купот на Македонија со последните три натпревари. Скопје против Тиквеш, Јени Маале против Шкендија и Кожуф против Шкупи. Првата фаза ја скокнаа екипите на Вардар и Струга Трим Лум кои минатата сезона играа во големото финале, а кое освои тимот на Вардар.
Александар Ванев, М-Нет