
Репрезентацијата на Македонија се врати на првото место во групата од квалификациите за Светското првенство 2026 откако славеше со убедливи 5:0 против Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонија сега е прва во групата со 11 освоени бодови, а притоа ја има и најдобрата одбрана која примила само два погодоци од Белгија и Велс во Скопје. Македонија под водство на селекторот Благоја Милевски има учинок од три победи против Лихтенштајн во гости и дома и против Казахстан во Астана, а пак со Велс и Беглија ремизиравме иако можевме и до целиот „плен“.
Македонија на овие пет натпревари постигна 11 погодоци, и го има вториот најдобар напад после тој на Белгија, кој има 17 бодови.
На второто место е Белгија со 10 бодови, но има натпревар помаку во однос на сите репрезентации во групата, а пак трет е Велс со 10 бодови. На четвтото место е Казахстан со три бодови, а на дното е Лихтенштајн без ниту еден освоен бод, но притоа нема постигнато ниту еден гол, а има примено 19 погодоци.
Во однос на распоредот на 10 октомври Македонија ќе гостува кај Белгија во клучен меч за првото место во групата кое води кон пласман на Светското првнество. На 13 октомври Македонија во Скопје ќе ја пречека репрезентацијата на Казахстан.
На 13 ноември Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Латвија, а пак на 18 ноември ќе следува гостувањето кај Велс во последниот меч од квалификациите.
Александар Ванев, М-Нет