Почнаа активностите за асфалтирање на најавените осум улици во Општина Карбинци

Почнаа активностите за асфалтирање на најавените осум улици во Општина Карбинци. Денеска се работи во село Карбинци, а во наредните денови активностите ќе продолжати во отанатите села Аргулица, Таринци и Горни Балван. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека вкупната вредност на проектот изнесува четири милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

,,Започнуваме со асфалтерските работи во село Карбинци. Ова е во рамките на програмата и план за работа на Општина Карбинци предвидено за 2025 година. Продолжуваме со изградбата а оние осум улици, од кои што пет се во селото Карбинци, а денес започнуваме со оној финален дел за завршување на самите улици, односно асфалтирањето на истите. Овие вкупно осум улици во Општина Карбинци се целосна инансиска обврска, односно финансирањето е од страна на Општина Карбинци, во висина од четири милиони денари. Се работи за улици, кои што се пет во селото Карбинци, една во селото Аргулица, една улица во селото Таринци и една во слеото Горни Балван.“ истакна Паунов

Дел од улиците се очекува да бидат завршени во текот на денешниот и утрешниот ден, додаде градоначалникот Паунов. Потенцираше дека и останатите ќе бидат готови во следниот период.

Со ваквата инвестиција, како што дополнително истакна градоначалникот Паунов, се очекува да се подобри патната инфраструктура во општината, со што жителите би имале подобри услови за живот.

Иван Митев, М-Нет