40 дела по повод 40-ти роденден на уметникот Сања Митева, вчеравечер беа изложени во Пробиштип

40 уметнички дела по повод четириесетиот роденден на уметникот Сања Ангеловска Митева, вчеравечер беа изложени во домот на културата во Пробиштип. Родена во Пробиштип, мажена и во Штип, Сања сиве овие години е докажан уметник. Низ овие 40 уметнички дела, таа ја успеала да ја прикаже својата животна приказна и во секоја една од нив да пресе пораки и емоции.

,,Сања наша сограѓанка, која што денес бележи еден посебен ден, бидејќи е родена на 09.09. 1985 во Пробиштип и денес слави 40 роденден. Многу ме радува тоа што токму на нејзиниот роденден таа одлучи војата прва самостојна изложба да ја отвори токму во градот од каде што потекнува. Сања е една преталентирана жена, која што низ годините пронаога инспирација и својата инспрација ја пренесува на уметнички платна со дела кои што се прекрасни и колоритни.“, рече Трајчева

Изложбата е само почеток за достигнување на поголеми успеси, рече Сања дирекно од настанот. Потенцираше дека во секоја слика е опишан нејзиниот досегашен живот.

Инаку, Митева е долгогодишен уметник, кој од мали нозе па до денеска во своето слободно време создава уникатни дела, во кои таа длабоко се впушта и ја раскажува својата животна приказна.

Иван Митев, М-Нет