Продавница и куќа гореле во делчевско Разловци, нема повредени

На 10.09.2025 во 03:14 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Разловци, делчевско, настанал пожар во куќа, кој зафатил и продажен објект, сопственост на  Н.Г.(57) од Делчево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.