Пораз на дебито за одбојкарите на Штип УГД во Норвешка – Кол Ил подобар со 3-1, но штипјани прикажаа голема борбеност!

ФОТО: ОК Штип УГД

Одбојкарите на Штип УГД испишаа историја со првиот меч на европската сцена, но на дебито штипјани беа поразени со 3-1 во сетови од екипата на Кол Ил во Осло, Норвешка, во рамки на европскиот Челинџ Куп.

Но, сепак, тука не е ништо готово, Штип УГД ќе има можност за поправен, а тоа ќе биде реваншот во Радовиш, кој се игра веќе в среда односно на 19 ноември.

Иако резултатот е 3-1 во сетови, сепак штипјани се претставија во одлично издание против вицешампионот на Норвешка, кој исто така го имаше своето деби на европскта сцена.

Првиот сет беше многу неизвесен, а кој заврши со резултат со 35:33 за норвешкиот тим, а самиот резултат говори многу за борбеноста и на двете екипи за секоја топка и за секој поен.

Во вториот сет штипјани беа подобри со 22:25 и со тоа го израмнија резултатот на 1-1 во сетови.

Во третиот сет Кол Ил беше подобар со 25:18, па со тоа норвежаните стигнаа до предност од 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет одново беше поголема неизвеноста, одново борба за секоја топка, а штипјани напаѓаа за да може да дојдат до израмнување во сетови, но сепак истиот го загубија со 25:23 за конечи 3-1 во сетови и победа на Кол Ил.

Пред двете екипи следува реваншот кој е закажан за 19 ноември (среда) во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде одбојкарите на Штип УГД ќе бараат триумф за прогрес во следна фаза.

Александар Ванев, М-Нет