Пожар на отворен простор помеѓу селата Варсаково и Сарчиево во општина Штип

Центарот за управување со кризи извести за пожар на отворен простор помеѓу селата Варсаково и Сарчиево во општина Штип, каде се има запалено стрниште. Екипа на ТППЕ-Штип со 4 пожарникари и 1 ПП возило се излезени на терен. Состојбата се следи, информираат од ЦУК.