
На 29/30.07.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Штип беше спроведена зајакната контрола во рамки на „Безбедно лето 2022“, при што откриени се 27 прекршоци од областа на сообраќајот. Од нив 18 не носеле заштитен шлем-кацига, три за управување возило без возачка дозвола, два за измината важност на осигурителната полиса и четири останати прекршоци. За време на контролата одземени се и четири мотоцикли, поради предизвикување поголема бучава. Исто така, во времето од 20.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Штип беше спроведена и акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што откриени се два прекршока по акциската контрола и седум останати прекршоци