
Под контрола е пожарот што вчера избувна кај штипските села Долани и Љуботен. Денес дежурни екипи ја следат состојбата на терен за да интервенираат на евентуални појави. Според Благој Ренџов, командирот на ТППЕ Штип, зафатена е голема површина, а горела нискостеблеста шума, како и мал дел борова шума. Вчера беа ангажирани18 пожарникари, 12 доброволци и шест противпожарни возила. Во интервенцијата се вклучи и авион за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој помогна во локализирањето на огнот. Во текот на ноќта на терен дежураше едно противпожарно возило, а надлежните и денес остануваат, поради високите температури и можноста од повторно активирање на жаришта.
„Денеска околу 14 часоит, добивме дојава за запалена нискостеблеста шума во село Долани према Љуботен. На терен се излезени 18 пожарникара, ДПД со 15 луѓе, на терен сме со шест возила. Цел ден работевме, успеавме да го ставиме под контрола. Имавме помош и од дирекцијата со еден авион припомош. Едно возило ќе биде дежурно цела ноќ, а утре ќе настапиме повторно со гасење на пожарот.“, вели Ренџов
Како што информираат и од Добровотолното противожарно друштво од Штип, теренот не е пристпаен за цистернтие на ТППЕ, па затоа тие излегле со нивните теренски возила со цел помогнат во гаснењето. И тие децидни оти огнот зафатил површината е голема површина
Teренот не е пристапен
Инаку, во гаснењето на овој пожар, кој вчера избувна во попладневните часови, поддршка даде и населението, кое што живее на овој дел, кои што со нивната механизација, успејаа да направат појаси, со што се спречи ширењето на на огнот.
Иван Митев, М-Нет