
Колапс во земјоделството, земјоделците не можат да врзат крај со крај, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при вчерашната посета на карбинското село Долни Балван. Според него, земјоделците се соочуваат со зголемени трошоци за производство, доцнење на субвенциите и сериозни проблеми со наводнувањето, поради што состојбата е една од најтешките во последните триесет години. Филипче тврди дека Владата го запоставила земјоделскиот сектор, а дополнителен проблем, како што посочи, се неисчистените канали и нефункционалниот систем за наводнување, поради што голем дел од обработливите површини остануваат без доволно вода.
,,Едноставно, нема некој дел од земјоделието, а да нема проблем. Ваков колапс на системот досега во изминаттите 30 години во државата немало. Тоатлна негрижа од страна на владата, за сите проблеми со кои земјоделците се соочуваат. Прво зголемени трошоци за производство, цени на губриво, на вода, на работна рака. Неичистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кои што е поставен и кој што е поврзан со системот на езерото Калиманци. Немање доволна сума на пари за субвенции. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра. Освен што е намалена, не се исплаќа, субвенциите каснат, а тоа важи за секој сектор во земјоделието. Како за производство на тутун, како за сточарите, млекопоризводителите, производителите на ориз, ланската година видове, оваа година истотo. Луѓето не можат да врзат крај со крај.“вели Филипче
Земојделците од карбинско, велат дека без вода и добра откупна цена, земјоделие и сточарство нема. Тврдат оти каналите за наводнување не се чисти и дека од ден на ден опага нивната желба за да продолжат понатаму.
,,Многу луге ке се откажат од земјата со оваа цена на житарицата. Прво и прво треба да се реши проблемот со млекото во беровско. Се се уништи. Стоката се намалува од ден на ден.
Инаку, претседателот на СДСМ Венко Филипче дополнително обвини дека субвенциите на земјоделците и сточарите не се исплаќаат. Откупните цели вели дека се страшно ниски. На млекото тврди има намалување за 30 проценти, на оризот преполовена цена.
Иван Митев, М-Нет