Пилешков ќе им суди на Струга и Работнички, Ѓоргиев на Гостивар и Воска, Пројковска во Тетово!

Познати се судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите од 14. коло на Првата лига.

Влатко Илиоски ќе биде задолжен да ја дели правдата во Кавадарци каде ќе се соочат Тиквеш и Беса, Димитар Пилешков ќе го суди дербито меѓу шампионот Струга и лидерот Работнички кој се игра покрај Охридското Езеро.

Ивана Пројковска ќе биде задолжена да ја дели правдата во Тетово каде ќе се соочат поранешниот шампион Шкендија и Брера Струмциа, додека пак Ндерим Тефику ќе суди во Кратово каде ќе се соочат Силекс и Пелистер.

Игор Стојчевски ќе ја дели правдата меѓу Вардар и Шкупи во скопската пресметка, додека пак Крумислав Ѓоргиев ќе ја дели правдата на мечот меѓу Гостивар и Воска Спорт.

Натпреварите стартуваат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет