
В недела во рамки на 12. коло од Втората лига ќе се одигра Источното дерби во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и струмичка Беласица, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат ексклузивна можност да го проследат токму оваа дерби.
Детонит Плачковица ќе бара триумф за враќање на победничките патеки, бидејќи на последните пет натпревари нема триумф, односно четири ремија и еден пораз, во однос на Беласица која со млада екипа влезе во победничка серија и избие токму пред радовишани односно е на седмото место со бод повеќе од радовишкиот тим.
Ова ќе биде дерби на седмопласираниот и осмопласираниот тим на второлигашката табела, каде императивот за трите бодови е голем, бидејќи со пораз и двете екипи може да се спуштат неколку места на табелата, а со триумф може да прогресираат едно до две места.
Во однос на меѓусебните дуели од вкупно десет Детонит Плачковица само трипати бил подобар, а пак Беласица четири пати била подобра, додека три натпревари завршиле без победник, а од нив седум биле во Втората лига, а три пријателски.
Двете екипи сакаат да бидат во горниот дел од табелата Детонит Плачковица лани играше и бараж за Прва лига, сезонава промени и тренер, па мечот против разиграната Беласица ќе биде тест за нивниот прогрес, во однос на тоа што Беласица во Радовиш оди во победнички ритам и воиграна за четврти сезонски триумф.
Следете го соочувањето од Источното дерби на радовишани и струмичани, атмосферата се загрева за неделното соочување, преносот на М Нет ќе започне во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет