Панахида во чест на паднатите борци од Егејска Македонија се одржа во црквата Свети Констатин и Елена во Штип

Панахида во чест на паднатите борци од Егејска Македонија, денеска се одржа во црквата Свети Цар Константин и Елена во нас. Балканска во Штип. На настанот присуствуваа претставниците од владата, општината, од здружението на македонците од егејскиот дел на Македонија, сограѓани и жители на населбата. Со пригоден говор и положување свежо цвеќе, денеска тие им оддадоа почит на македонците кои својот живот го дале за слобода и за држава.

Еден од најстарите од здружението Мирка Гинова, Стојан Димков, лично се обрати пред присутните со свој емотивен говор. Ја истакна важност на овој значаен ден, кој според него треба вечно да се почитува. Говор одржаа и останатите членови од ова здружение

,,Што се однесува до програмнските активности, оваа година ќе ја збогатиме со промоција на веќе издадениот абецедар од минатата година, значи јубилејот од 100 години на постоење на македонскиот непокор, односно на пишаниот докажен материјал, кој не прави признати во рамките на Грција.“, додава Димков

Инаку, Панахидата континуирано секоја година ја организира здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија Мирка Гинова, а претходно се одржа и литургија.

Иван Митев, М-Нет