
Мајчиниот јазик заслужува почит и надвор од училиштето, апелира професорката по македонски јазик Наташа Митев по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Таа повикува грижата за јазикот да не остане само во училниците, туку да биде дел од секојдневниот говор. Негувањето, вели, започнува од секој нас со правилен израз, читање и гордост. Зашто народот што го чува својот јазик, ја чува и својата душа.
,,Мајчиниот јазик заслужува почит не само во училниците и училиштата, туку и во секојдневниот говор. Па затоа треба се почество и почесто да го негуваме, а тоа негување прво започнува од самите нас, со правилен израз, читање, со гордост, зашто е народ што го чува својот јазик, ја чува и својата душа.“, вели Митев
Во својата изјава, Митев предупреди, доколку се продолжи без свест и грижа, ќе е изгуби дел од индентитетот на македонецот.
,,Англискито јазик денес владее во светот. Како што знаеме преку интернетот, медиумите, технологијата, тој станува наше секојдневие. Но, неговата масовна употреба се повеќе навлегува во нашиот мајчин јазик и го потиснува богатството на домашните зборови. Па затоа ако продолжиме без свест и грижа, да ризикуваме да изгубиме дел од сопствениот идентитет, затоа што јазикот не е само средство за комуниказија, тој е корен на една нација.“, додава Митев
На прашањето колку се почитува мајчиниот јазик во денешницата, Митев е децидна дека се помалку, затоа што децата се опкружени со технологијата. Вели се трудат тие како професори колку што можат за да придонесат промени.
,,Се помалку и помалку се почитува заради тоа што едноставно децата се опкружени со технологија, англискиот јазик е како прв јазик. Тоа е и добро и не е, ама сепак се трудиме колку што можеме да нели и од дома и на уичилиште, за да можат повеќе да го употребуваат.“, потенцира Митев
Инаку, Негувањето и почитувањето на мајчиниот јазик е основа за зачувување на културното наследство и за продолжување на постоењето како нации. Мајчиниот јазик поврзува, обединува и помага да се пренесуваат традициите на идните генерации
Иван Митев, М-Нет