Портокалите и зелената салата најбарани пред Прочка на пазарот во Штип, дождот не ги спречи пазарџиите

Намалени цени пред Прочка на пазарот во Штип, граѓаните во потрага по свежи производи. Најбарани овој петок беа портокалите од овошјето и зелената сала од зеленчукот. Граѓаните велат според месечните примања цените се сепак високи, но согласно маката на земјоделците, цената е прифатлива. Велат дека се подгтовени достојно за празникот во недела.

Иако врнежлив ден, сепак продавачите задоволни од излезеноста овој петок. Благодарни за побарувачката, а велат дека намалување на цените има на брокулата, зелката, блитвата и прокелот.

Инаку, дополнително граѓаните овој петок купуваа киви, јаболка, млад кромид, морков, како и многу зачини за во кујна. Се продаваше домашно кравјо млеко, свежи јајца и домашни земјени садови.

Иван Митев, М-Нет