Отворена првата изложба наива во Безистенот во Штип

Отворена првата изложба наива во просториите на уметничката галерија Безистен во Штип. Денеска изложбата беше отворена со уметнички дела од околу триесетина автори, а истата ќе биде поставена и во наредните десетина дена. Изложбата наива за првпат во Македонија се отвори во Куманово кон крајот на минатат година, а со денешната изложба во Штип истата завршува.

„За прв пат во нашата земја се организира една голема изложба која опфаќа творештво од областа на наивата. Задоцнување од првото споменување на нивата до сега некаде околу 135 години. Но, подобро некогаш отколку никогаш“ – вели Божурски.

Поголем дел од уметниците, автори кои први почнале да се занимаваат со наивата оставиле свои дел и денеска на изложбата, а имаше дела и од автори од Штип.

Наивата како правец во сликарството се појавува уште многу оддамна во други земји, но кај нас во државата за прв изложба со ваков правец е направена со доцнење од повеќе од 130 години.

Лаура Стојанова М-Нет