
Со овации и славеничка песна симпатизерите од Кочани на отворена сцена на градскиот стадион Никола Мантов ги поздравија своите миленици кои направија големо изненадување и ја „потопија“екипата на Слога од Виница. Гостите започнаа мошне силовите и во првото полувреме имаа неколку стопостотни шанси кои не ги искористија. Свои шанси имаа и играчите на Осогово, но нишанските справи не беа најдобро подесени во овој прв дел. Во второто полувреме и едните и другите атакува кон головите а првиот водечкиот гол за Осогово падна во 58 м., по одлично изведениот корнер највисоко скокна штоперот Иван Мицевски и со глава просто ја закова топката во мрежата на немоќниот гостински голман Јованоски. Се редеа возбудливи моменти на обете страни, но вториот гол падна во 77 м. а стрелец за водство на Осогово од 2:0 беше капитенот Тоше Манов. Натпреварот мина во фер и коректна атмосфера иако играчот на Осогово Александар Митревски се здоби со посериозна повреда и со возило на брзата помош беше пренесен во болницата во Кочани. Се интересиравме за неговото здравје и членот на раководството Витомир Алексов не информираше дека тој е подобро, префрлен е на домашно лекување и ќе мора извесен период да паузира. Точка на денешниот натпревар стави повторно штоперот Иван Мицевски кој на сличен начин по изведениот корнер со глава нишанеше прецизно и го постави конечниот резултат Осогово – Слога 3:0. Судиската тројка на чело со Јосип Бартон одлично го водеше натпреварот пред се и поради фер и коректниот однос на актерите на теренот а и оние малку прекршоци беа повеќе од невнимание отколку со намера. Еве го комплетните резултати од денешното 11 коло:
- Беласица – Братство 2:0
- Детонит – Кит Го 1:0
- Победа – Кожув 3:1
- Локомотива – К. Саса 0:0
- Осогово – Слога 3:0
ТАБЕЛА
- Победа 26
- Слога 25
- К.Саса 21
- Беласица 20
- Кит Го 16
- Осогово 14
- Детонит 13
- Кожув 12
- Локомотива 5
- Брарство 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk