Емил Павлов: – „ Се оствари мојот сон да освојам медал од Светско Карате првенство“

Двократниот Европски Карате шампион Емил Павлов го испративме од редакцијата на Мнет ТВ за која ексклузивно си посака најпрвин здравје а потоа и успешен поход кон освојување на толку посакуваниот медал од Светско првенсво кој недостига во неговата пребогата со трофеи витрина. Денес во финалето во Дубаи Емил Павлов загуби од французинот Стивен Да Коста , но неговото сребро има златен сјај а патот до него беше тежок и остварен после дури пет атрактивни победи. Да се загуби од олимпискиот шампион не е некоја голема загуба, напротив Емил Павлов ја имаше таа чест токму со вакви силни момци да го прикаже сиот свој раскош и да собира искуство за понатамошната кариера и силните карате предизвици. Честитки за Емил Павлов, за неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски, за нивнот Карате клуб Штип, за лугето од Карате федерацијата и сите оние спортски пријатели кои несебично му помагаа на патот кон светското сребро. Со аманетот кој го даде пред патувањето за Дубаи го очекуваме Емил Павлов во нашата Мнет ТВ за да заеднички продискутираме за моментите на среќа и да ја споделиме оваа спортска радост крунисана со драгоцениот светски сребрен медал.

Драги Герасимов – Пушка mnet.mk