Пораз на Брегалница во Тетово, Шкупи го зацврстува врвот на табелата

Денес со одигрување на преостанатите 5 натпревари се комплетираше 14 коло на ПМФЛ во кое екипата на Брегалница доживеа мининимален пораз во Тетово. Интересно голманот на Брегалница, младинскиот репрезентативец Давид Денковски одбрани дури два пенали и тоа на Дориев и на Бејтулаи.

Вчера екипата на Македонија ЃП го победи тимот на Скопје а екипата на Шкупи денес со нова висока победа го зацрвсти првото место на табелата. Еве ги комплетните резултати од ова 14 коло:

  1. Струга ТЛ – Работнички 1:0
  2. А, Пандев – Тиквеш 3:2
  3. Борец – Ренова 1:4
  4. Шкендија – Брегалница 1:0
  5. Скопје – Македонија ЃП 1:2
  6. Шкупи – Пелистер 5:0

ТАБЕЛА

  1. Шкупи 32
  2. А. Пандев 28
  3. Ренова 25
  4. Шкендија 24
  5. Струга ТЛ 22
  6. Брегалница 22
  7. Макед. ЃП 20
  8. Работнички 18
  9. Скопје 16
  10. Тиквеш 10
  11. Борец 8
  12. Пелистер 4

Во следното 15 коло екипата на Брегалница на 28 ноември во Штип ќе се сретне со тимот на Борец од Велес, на 5 декември ќе гостува на А. Пандев, на 8 декември во Штип доаѓа Работнички а есенската завеса ќе се спушти на 12 декември кога Брегалница ќе гостува на Тиквеш во Кавадарци. Брегалница веќе во среда 24 ноември ја очекува и куп пресметката со Силекс во Кратово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk