Одборот за здрав живот Кочани на средба со менаџментот на „Пејпер мил“ за чист воздух

По покана од страна на раководството на кочанската фабрика „Пејпер мил“ , се оставри средба со преставници од Одборот за здрав живот Кочани со раководството на менаџментот на „Пејпер мил“. На средбата се разговараше за ставовите на невладините организации и за идните планови за можно рестартирање на фабриката. По направените мерења од страна на Државниот изнспекторат за животна средина од минатата гопдина, оваа фабрика не работи односно нејзиното производство е во прекин, а 120-те вработени не одат на работа. Во моментот во тек е набавка на опрема за унапредување на технолошкиот процес. Mенаџментот на фабриката верува дека ќе успее да го рестартира работењето на почетокот на април.

„Во рамки на активностите за подготовка на фабриката за рестартирање, важно ни е да оствариме отворен дијалог со сите чинители во локалната заедница. Токму затоа, важно ни беше да се сретнеме и да разговараме отворено за нашите предизвици во „Пејпер Мил“ за повеќе аспекти, но и да го слушнеме мислењето на невладините огранизации, да одговориме на нивните прашања. Верувам дека овој дијалог ќе продолжи и дека во интерес на сите во Кочани е да ги вратиме вработените на работа, да го рестартираме процесот на рециклирање на хартија и да работиме и живееме во чиста и здрава средина.“ – изјави Јулијан Даскалов, генерален директор на Пејпер Мил Кочани.

Отворањето на дијалог од страна на претставниците на „Пепер мил“ наиде на поздрав од страна на челновите на Одборот за здрав живот Кочани. Нивна цел е да се воспостави здрав живот и здрава животна средина во Кочани, па дијалогот со компанијата која пред затворањето беше еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани е од големо значење. Исто така со новата опрема како и филтерот за на оџаците се очекува да се подобри квалитетот на воздухопт, но од Одборот за здрав живот Кочани најавуваат дека и понатаму будно ќе ја следат работата на кочанската фабрика. Бидејќи најважно е здравјето на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет