Од Македонија пат со апел да се вози внимателно, поради врнежите од снег и влажните коловози!

Снежниот бран кој ја зафати територијата на нашата држава почна со формирање на снежна покривка низ општините во Источниот дел на државата. Екипите на подружница „Македонија пат“ – Штип уште рано изутрина се на терен со цел расчистување на патиштата, и возможување на лесно движење без прекини. Доволната количина на сол песок и ризла овозможува и брзо дејствување и чистење на патиштата и коловозите.

„Со денешниот пат, екипите на Македонија пат во Штип, дежурната механизација и работната рака се на терен. Најпрво се расчистува автопатот, па магистралните патишта, регионалните патишта со абраживен матеијал рибизла и сол.“ – во телефонски разговор за М-Нет, истакна Рунчев.

До сите возачи кои за извршување на разни обврски, работни или секојдневни треба да патуваат, да управуваат моторно возило, се упатува апел да возат внимателно почитувајќи ја патната сигнализација и поставената дозволена брзина.

Од Македонија пат информираат дека на терен ќе останат и во текот на утрешниот ден, кога се очекува според метереолозите врнежите од сег да бидат пообилни, и снежна покривка да се формира и во пониските места во државата.

Лаура Стојанова М-Нет