
Глутница кучиња по улиците низ општините во државата е честа слика која претставува страв за населението. Сведоци сме на нападнати граѓани од кучиња, повредени, а доволен и само преживеаниот страв. Одговрноста за овие напуштени животни кои престојуваат и егзистираа по улиците е од големо значење. Доколку ве касне куче општината е должна да ви исплати штета. Општина Виница е една од ретките општини во Истокот која нема пријави од граѓани дека биле каснати од улично куче.
„Досега во Општина Виница немаме добиено пријава за каснување на граѓаните од кучиња. Во изминатите три години имаше една до две пријави, но не се работеше за каснување од улично куче, туку од куче домашно милениче“ – истакна градоначалникот на Виница, Димитров.
Кучињата скитници не завршиле на улица случајно или по своја волја. Затоа се апелира до граѓаните поодговорно да се однесуваат со своите домашни миленичиња. Доколку условите не ви дозволуваат да чувате и се грижите за вашето домашно милениче има повеќе алтернативи како да се ослободите од истото, но не претпорачливо во ниту еден случај е да го оставите и истото да заврши по улиците.
Лаура Стојанова М-Нет