Од денес започнаа рамазанските пости, ќе траат 29 дена, на 30 март-Рамазан

Од денес започнаа рамазанските пости за сите верници од исламска вероисповед. Постот ќе трае 29 дена, па заклучно од денес, па се до 29 март, верниците ќе се придржуваат на правнилата на постот, кој според куранот е еден од петте столба на исламот. Оџа Ердован Шабановски за М-Нет телевизија вели дека постот е штит од сите злодена, бидејќи со постот човекот се оддалечува од секое зло.

“Постот ќе ни трае 29 дена, почнувајки од денеска па се до 29 март, а на 30 март ќе го славиме рамазан бајрам. Постот е еден од петте столба на исламот, кој што ни е заповедан од 5604 година и нашиот пророк вели дека е штит од сите злодела, бидејќи со постот човекот се оддалечува од злото.“, вели Шабановски

Човека во пост има физичка, духовна и морална димензија, со кој тој се оддаелчува од јадењето, пиењето, интимноста и страстите, лошите мисли, додава Шабановски

Инаку, во постот ќе биде вклучена и младата популација, што го доведува фактот дека покрај, постарите и помладите во овие 29 дена ќе бидат дел од молитвата и духовното чистење преку рамазнаскиот пост. Според оџата Ердован, годинава бројката на младите е многу повече од постарите.

Иван Митев, М-Нет