
Со европски пари куќите и сокаците во штипско Ново Село ќе бидат реконструирани во автентичен и стар стил. Една од куќите ќе има соодветен капацитет и во истата ќе можат да се сместуваат и туристи.
Гоцевото училиште, каде што учителствувале Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, потоа Црквата Успение на Пресвета Богородица во која има ретки икони, но и Музејот на ВМРО во кој има восочни фигури.
Музејот е отворен секој ден за посетителите, а во него можат да се видат восочните фигури на Гоце Делчев, какои и на Мише Разговор, Тодор Александров, Ванчо Михајлов кои се родени во штипско Ново Село. Во овој Музеј може да се виде и восочната фигура на баба Ванѓа, во поставката се нашла случајно.
Иван Митев, М-Нет