Огнот на планинита Готен ставен под контрола, најкритично останува од радовишка страна

Огнот на планинита Готен ставен под контрола, најкритично останува од радовишка страна. Ситуацијата на теренот е стабилизирана од страна на противпожарни служби, но најголем ризик останува линијата кон Радовиш, каде и денеска ќе интервенираат авиони за гасење од воздух. Според командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски и од таа страна теренот е тешко пристапен.

,,Oгнот е ставен под контрола, така да остануваме таму на дежурство, до крајот на денот. Авионите ќе дејствуваат, мегутоа ќе дејствуваат во линија накај Радовиш. Од страна на берово се заштитени малешевските планини, не би требало да има ризик и огнот да навлезе во нашата територија. Oгнот излегуваше надвор од контрола во вчерашниот ден. “, рече Гошевски

Од радовишка страна Гошевски рече дека селата Подареш и Злеово се најкритични. Се очекува и овој оган за неколку дена да биде ставен под контрола.

Инаку, командирот Димитар Гошевски, потенцираше дека сите надлежни институции максимално дејствуваат на терен, со цел се стабилизира ваква ситуација.

Иван Митев, М-Нет