Иса Бајрам обезбеди бронзен медал за Македонија на Европското првенство во бокс

Screenshot: Arena Sport

Македонскиот кадетски репрезентативец во бокс, Иса Бајрам, обезбеди место меѓу најдобрите четворица на Европското кадетско првенство што се одржува во Златибор, Србија, освојувајќи најмалку бронзен медал за нашата селекција.

Во четвртфиналниот дуел од категоријата до 57 килограми, Бајрам беше доминантен и со сигурна борба го совлада претставникот на Словачка, Сира Доминик со 3:0.

Со оваа победа, Иса Бајрам обезбеди медал за македонската кадетска репрезентација на ова Европско првенство и сега со нетрпение го очекува својот полуфинален противник во борбата за пласман во големото финале.

Ова е уште една потврда за квалитетната работа на стручниот штаб на Боксерската федерација на Македонија и за талентот што го поседуваат младите боксери од нашата земја.