Овче Поле го доби Карбинци, Малеш загуби, Рудар слави!

ФОТО: ФК Карбинци

Денес беа одиграни натпреварите од 2. коло на Трета лига – Исток, а во рамки на кое најубедлива победа однесе Брегалница Делчево откако со 4:1 го доби тимот на Светлост од Зрновци.

Тимот на Карбинци преку пресврт беше поразен во Свети Николе од Овче Поле со резултат од 2:1.

Екипата на Рудар славеше минимална победа од 0:1 во Струмица над Тиверија, додека пак Победа Валандово со убедливи 3:0 го декласираше Ударник.

Малеш на домашен терен немаше сили и загуби од Дојранско Езеро со резултат од 1:2.

Во рамки на второто коло слободна беше екипата на Хоризонт Турново.

Во текот на утрешните издание на спортски вести следете ги комплетните извештаи за Трета лига.

Александар Ванев, М-Нет