Четири екипи на врвот во Втора лига – ќе има неизвесна сезона!

По комплетирањето на четвртото коло во Втората лига, четири екипи имаат по 10 бодови на своето конто и се израмнети на врвот од табелата.

Кожуф е на врвот поради подобрата гол разлика, следува Брегалница, Беласица и Шкендија Арачиново.

По седум бодови имаат Охрид и Скопје за делба на петтата позиција, а пак Детонит Плачковица, Новаци и Тетекс имаат по шест бодови. Пет бодови на своето конто сега има Каменица Саса и се наоѓа на десеттото место, а позиција подолу е Осогово со четири бодови.

По три бодови имаат Слога Виница, Преспа и Вардар Неготино за делба на 12-тото место. Победа е претпоследна со само еден бод, а засега без бодови на дното е Големо Коњари.

Во следното издание на спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, следете ја анализата за Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет