
Покриен простор обележан за пазар и и толку, конструкцијата во Карбинци предвидена за пазар повеќе од пет години сведочи за залудно инвестирани финансиски средства, кои денеска не се искористени. Жителите нема да минуваат неколку километри до Штип за да ги продаваат своите производи, заинтерсираноста голема, сите 32 тезги ќе бидат зафатени – вака се презентираше проектот во 2017 година, кога и врпочем почна да се гради. Ама денеска ситуацијата е поинаква, поголемиот дел од жителите во Карбинци велат дека зелен пазар не им е потребен од две причини, првата оти нема народ, а втората бидејќи секој си произведува храна за сопствена употреба.
Дека дел од граѓаните се скептици кога е во прашање пуштањето во функција на пазарот во Карбинци свесен е и првиот човек Виктор Паунов. Вели дека идеја за оставарување на овој прокет имало, ама потребно е и граѓаните да бидат согласни. Затоа додава дека ќе се разговара со месните заеднци и заеднички ќе се одлучи дали Карбинци ќе добие пазар или просторот ќе се употреби за некоја друга намена.
„Пазарот во Општина Карбинци е изграден пред околу пет години, но, за жал, до ден денес видовме дека никој не го стави во функција тој објект во којшто пред пет години се вложени финансиски средства, тогашното раководство на Општина Карбинци. Ние како сегашно раководство и јас како градоначалник имам некоја идеја, но таа идеја ќе ја дооформиме заедно со населението во село Карбинци, па по разговорите со месните заедници ќе донесеме конечна одлука дали пазарот ќе го ставиме во функција како пазар или ќе најдеме некое алтернативно решение“ – вели Паунов.
Жителите од Карбинци кои имаат потреба од храна, овошје и зеленчук го посетуваат пазарот во Штип, но поголем дел од нив велат дека самостојно си произведуваат храна, па ретко, само по потреба одат на пазар.
Лаура Стојанова М-Нет