Конечно кон крајот на март ќе започне санација на јаловишната депонија во Пробиштип

Крајот на месец март или најдоцна почетокот на месец април ќе започне санацијата на јаловишната депонија во општина Пробиштип. Општината е на самиот крај во сите постапки, завршена е проектната документација и проблемите со урбанизацијата, со што се очекува за месец до месец и половина да се започне со санација на оваа површина.

„Можам слободно да кажам дека Општина Пробиштип е на сам крај во сите постапки кои ги презема за конечно отпочнување на санација на јаловишната депонија или решавање на овој горчлив проблем. Она кое го сработивме во изминатиот период се направи нова проектна документација, во проектот се вклучени еминентни професори, експерти во својата област да се реши овој децениски проблем. Се завршуваат проблемите во делот на урбанизацијата. Јас се надевам дека крајот на март или можеби месец април ќе биде моментот кога ќе се понуди на инвеститорите да се започне санацијата на оваа површина“ – кажа Анастасов.

Наместо потенцијално жариште на болести, односно јаловишна депонија, ќе се постават фотоволтаици, односно фотоволтаична централа и ќе има обновливи извори на енергија. Со ова Пробиштип ќе се впише во редот на ретки успешни општини во државата, но и на Балканот, потенцираше градоначалникот.

„Има два модели на решавање на јаловиштето. Она кое беше наша идеја како Општина најпрвин да се влезе во санација на самата површина, да се реши еколошкиот проблем, а потоа да се влезе во втора фаза поставување на фотоволтаици или фотоволтаична централа. Решавањето на овој проблем ќе го направи Пробиштип редок во Македонија и на Блаканот, како на едно жариште на болести однонсо јаловишна депонија имаме проект каде ќе има обновливи извори на енергија“, додаде Анастасов.

Решавање на проблемот со јаловишната деппонија стои со години, а е едно од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник. Со решавањето на овој проблем се става крај на еколошката катастрофа во градот, како и загадувањето на почвата од атмосферските води.

Лаура Стојанова М-Нет