Обезбедени две цистерни со техничка вода за населбите Сењак и Дузлак во Штип

Поради дефект на главна водоводна линија во населба Сењак ЈП Исар во соработка со ТТТПЕ Штип ( Пожарна станица Штип) ќе обезбеди техничка вода за потребите на граѓаните од населбите Сењак и Дузлак.
Две цистерни со вода ќе бидат лоцирани од 12:30 часот до 13:30 часот во населба Сењак карши зградата Топ инвест, а во Дузлакот до парк Фармација ( детското игралиште).
Во консултација со стручните служби на ЈП Исар дефектот треба да биде саниран до 16:00 часот.