Новиот в.д. раководител на штипскиот архив ги скара власта и опозицијата

Ново поставениот в.д. раководител на одделението во Штип при Државниот архив на Македонија тема за прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат дека тој е поставен од партиските комбинаторки на ОО на СДСМ Шти, па упативаат низа прашања.

„Пред јавноста би сакале да прашаме:
Дали поставениот в.д. раководител на одделението во Штип при Државниот архив на Р. Македонија ги исполнува потребните законски услови за работно искуство во структурата и во јавниот сектор?
Дали поставениот вршител на должност ги исполнува предвидените услови од актот за систематизација на работните места за видот на образование?
Доколку се направат повреди на законите, се прават неправди, доколку се работи незаконски, почнува да владее анархија или беззаконие, за кое во принцип е потребна поединечна или системска одговорност, а резулатат на евентуално поставување на раководители на институциите со партиси комбинаторики спортивно на закон е недовербата на граѓаните во системот, што е одлика на владеењето на СДСМ“ – кажаа од ВМРО ДПМНЕ.

На ова од ОО на СДСМ Штип во писмено соопштенија одговорија дека наместо да прашуваат ВМРО ДПМНЕ да одговорат колку прекрашувања се направени со поставување на нивни послушници на раковоодни места во училиштата.

„Секогаш кога помислиме дека лицемерието на ВМРО ДПМНЕ ја достигнало својата кулминација, тие не’ демантираат покажувајќи дека всушност нема граница за нивната дволичност и лицемерие.

Наместо да ја замајуваат јавноста со прашања за кои постои јасна законска регулатива, ги повикуваме да одговорат  колку и кои се’ прекршувања на законот направија при поставување на нивните послушници на раководни и директорски позиции во општинските училишта и институции.
Згора на се’ лицето кое го читаше партискиот памфлет јавно да одговори, кога своевремено тој беше поставен за директор  на училиште дали ги исполнуваше основните законски услови за поседување лиценца и стаж од најмаку 5 години во образование?“ – напишаа од СДСМ.

Според СДСМ ваквото однесување на ДПМНЕ во стилот држете го крадецот , е веќе типично и препознаено од граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет