Верниците го посетија манастирот во с. Сарчиево, штипско, празникот Св. Петка достоинствено одбележан

Со погача и свеќа за здравје и бериќет граѓаните денеска го посетија манастирот Света Петка во село Сарчиево, штипско во склоп на денешниот празник. За разлика од претходните две години во време на пандемија денеска посетеноста беше на задоволително ниво. Се оставаат и дарови во манастирот, а од парите на граѓаните истиот постојано се доградува и реконструира за да може достоинствено да се чествуваат празниците во него.

„Синоќа имавме многу гости, со дарови, мирно биде, весело, музика имавме денес нема музика оти е топло и помалку има народ. Има јадење, салата, сѐ.“ – вели Димитриев

Вчеравечер на гостите им се служеше компри манџа со јагнешко, денеска грав и јагнешко. Со персонал од околу 20 лица, кои работат бесплатно јадење има за сите посетители. Истовремено, околу 20 јагниња се најдоа на лицитација, а парите се употребуваат за потребите на манастирот.

„Вечерта беше компир манџа со пет јагниња и 50 килограми компир. Денеска е гравче околу 40 килограми со две јагниња. Јагнињата се донација, кој донесе за курбан го куолеме, некои ги продавава, а парите се за цркавта. Куварот ни е бесплатно, персоналот околу 20 лица и тие се бесплатно“ – вели Тасев.

На манстирот можеа да се купат и икони изработени од раете на госпоѓа Тања. Пред камерите на М-Нет телевизија вели таа го продолжила занаетот на нејзиниот прадедо, денеска изработува икони и е задоволна од побарувачката на граѓаните.

„Тоа ми е благодет од некое останато патешествије од мој прадедо, кој потекнува од село Панчареево. Сега имам и некоја помош со снабдување на дрво, со снабдување на дел од рамките, кои не можам јас да ги работам, ова е мој занает уште од 2000 година, кога се подели имотот на татко ми. Изработката ззависи од дрвото, од материјалот, од темепертаурата на воздухот. “ – вели Тања.

Инаку пред десет години во овој манастир се сруши рекордот во варење гравче, кога во еден котел се подготвија 3. 450 литри гравче во сланина.

Лаура Стојанова М-Нет