Нова хуманитарна акција за учениците пред првото ѕвоно, се собираат парични средства и училишни пакети

Како и секоја година и годинава хуманитарната организација Црвен Крст Штип пред првото училишно ѕвоно организира хуманитарна акција за семејствата кои што живеат во социјален ризик. Оваа акција се спроведува денес, но ќе трае вклучително до 30 август со почеток од девет до 15 часот, истака секретарот на Црвен Крст, Деспина Димитровска за М-нет телевизија.

„Традационално секоја година „Црвен Крст“ пред првото училишно ѕвоно организира хуманитарни активности со цел да се олесни почетокот на учебната година на учениците кои што потекнуваат од семејства кои што живеат во социјален ризик. За таа цел Штип организира хуманитарна акција на две донациски пунктови на 27,29 и 30 август од девет до 15 часот.“, истакна Димитровска

Се повикуваат сите сограѓани кои имаат можност да помогнат, да се вклучат во овој хуман гест, дали тоа со парични средства или пак со донирање на училишен нов прибор, се со цел да бидат сите еднакви, додава Димитровска

“Затоа ги повикуваме нашите сограѓани да се вклучат во оваа хуманитарна акција и да донираат парични средства со кои што би се формирале училишни пакети или пак да донираат училишен прибор. Во училишниот прибор спаѓаат основните работи кои што се потребни за непречено одвивање на школските активности, тетратки, бојци, пенкала. моливи, блокчиња и слично.“, додава Димитровска

Меѓународен Црвен крст е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без каква било дискриминација.

Лаура Стојанова, М-нет