Нов обид за решавање на проблемот со паркирањето на Пониква, координирани екипи на терен

Снежната покривка на Пониква се очекува викендов да привлече голем број туристи, љубители на зимскиот спорт. Туристички агенции веќе имаат понуди за превоз до Пониква од повеќе места во државата, зафатени се речиси сите сместувачки капацитети, прооден е патот од Кочани до Пониква, под знак прашалник останува само начинот на одвивање на сообраќајот. Откако пред два викнеда големиот број возила направија неред во сообрќајот, па се чекаше по 20 минути до половина час за да се помине, со конкретно решеније излегоа од Општина Кочани. Во координација со Доброволното противпожарно друштво, зимската служба и полицијата од претходниот викенд се воспоставува ред во сообраќајот на Пониква. Градоначалникот Љупчо Папазов, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека и овој викенд екипите се на терен и ќе се обидат да воспостават ред за посетителите да бидат задоволни.

Со четири лица на терен денеска се и преставници од ДПД Кочани. Претседателот Златко Илијев вели дека за утре е предидено бројот на волонтери да биде зголемен.

„Денеска на терен сме четири лица, од кои еден пожарникар со едно противпожарно возило. Во координација сме со зимската служба, полицијата, општината, како и Македонија пат. Се обидуваме да воспоставиме ред во сообраќајот од Аеродромот до одмаралиштето. Едната однонсо десната лента се користи за паркирани возила додека по левата лента наизменично се пропуштаат возила. За утре е предвидено да излеземе со осум лица, а ако е прооден ќе се стави во употреба и земјениот пат кој води до одмаралиштето со цел да има кружен тек на возилата и да не се создава гужва. Минатиот викенд имавме разбирање од страна на возачите, се надеваме дека таква ќе биде ситуацијата и овој викенд“ – вели Илијев.

На Пониква зимската сезона започна овој месец кога заврна првиот снег и се формираше снежна покривка. Во функција е пуштен ски лифтот 1, а посетители има од сите градови во државата. Највено е организирање на ноќно скијање.

Лаура Стојанова М-Нет