
Од понеделник започнува поставувањето на новата водоводна линија на улица „Петар Поп Арсов“ во штипската населба Железничка. Проектот е изготвен а веќе од почетокот на наредната недела се започнува со работа на терен, најави новиот директор на ЈП Исар, Трајн Коцев. Истакна дека за оваа година се предвидени доста прокети кои треба да се реализираат, но фокусот е ставен на реконструкција на постојните водовони мрежи во централното градско подрачје, како и изведба на нови во приградските населби. На овој начин според него ќе се реши проблемот со секојдневните дефекти и прекинот во водоснабдувањто.
„Проектите за изградба на нови и реконструкциј на постојните водоводни линии. За оваа година предвидовме 16 улици да бидат опфатени од Општина Штип. Реконструкција на постојните водоводни линии ќе бидат реализирани во централното градско подрачје, додека изведба на нови водоводни линии главно прокетите ќе бидат реализирани во периферните делови. Овде ги имаме населбите Железничка, Македонка и населба Баби.“ – вели Коцев.
Проблем преставува застарената механизација, но Коцев вели дека веќе во планот за јавни набавки за оваа година предвидено е да се набави нова модерна опрема. На ваков начин вели ќе се решаваат работните активности на претпријатието и ќе им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
„Механизацијата е застарена. Последниве години имаме обновени некои камиони кои ни служат за исфрлање на сметот, но успеваме да изменаџираме со механизацијата за редовно да се извршуваат нашите обврски. За 2023 година во планот за јавни набавки имаме предвидено и обновување на механизација, набавка на модерна опрема за поефикасно извршување на нашите работни задачи“ – додава Коцев.
Навремено исфрлање на ѓубре и смет, како и дистрибуција на чиста вода за пиење до сите домаќинства во Штип е исто на врвот на листата приоритетни задачи на ЈП Исар за оваа година.
Лаура Стојанова М-Нет