
Рокот помина од надлежните само неофицијална најава. Оризопроизводителите од кочанско сѐ уште во незивесност дали нивните барања ќе бидат прифатени од страна на премиерот и министерот, до кои испратија писмо. Рокот беше до вчера, а освен неофицијална најава дека ќе се испатат трите денари, нема ништо. Додаваат дека ќе чекат уште неколку дена за потоа да се организираат и со блокада да излезат и на регионалниот и на експресниот пат Штип – Кочани.
„За жал, повратна информација немаме. Ние ги оставивме до петок, до вчера да има некоја повратна информација сега ќе видеме како ќе течат постапките. Има најава дека едно од барањата дополнителните три денари ќе бидат исплатени и дека и редовните се подготвуваат за неколку дена дека и тие ќе бидат исплатени. Сега ќе почекаме уште некој ден. Доколку нема ќе се организираме, сакаме да направиме две блокади, една блокада на експресниот пат Штип Кочани и една на регионалниот.“ – кажа Арсов.
Едно од 15 барања е и оризот да биде стратешка култура, ама како што вели Арсов тоа веќе е одбиено од страна на Владата. На таков начин под знак прашалник се става производството на храна, а оризарите од кочанско наместо производители остануваат социјални случаеви.
„Оризот да биде стратешка култура и дел од количините или најмалку една третина од оризовата арпа да биде откупена за стоковите резерви. За жал Владата таа одлука не ја донесе, а цело време бевме манипулирани од министерот дека Законот е изгласан и нема да има проблеми. Ние не бараме ништо, бараме да обработуваме земјата од тоа да заработеме и да живееме достоинствено, а не ние сме најгладни, најсиромашни, ние сме социјални случаеви“ – додава Арсов.
Оризопроиводителите од кочанско минатата година во повеќе наврати своите права ги бараат преку протест и блокада на патниот правец Кочани – Штип. Оваа тековна година се надеваат дека надлежните ќе ги слушнат нивните барања и нема да има потреба од протести.
Лаура Стојанова М-Нет