Не треба да има кафулиња во училиштата, министерката Јаневска со став за промени

Во училиштата не смее да има кафулиња поради тоа што тоа е воспитно-образовна установа, истакнуваат од министерствотот за образование и наука. Некој училишта се претворени во кафеани, низ кој се правар разни прослави од страна на учениците. Министерката Јаневската истакна дека министерството со новото раководство пристапува кон решавање на повеќе проблематики.

„Во училиштата се обавува воспитно-образовна дејност и согласни сме дека не треба да има содржини или услуги кои не одат во прилог на младите и нивниот воспитно-образовен процес. Во изминатите 6 месеци новото раководство на МОН пристапи кон решавање на бројни предизвици кои беа наталожени во последните неколку години, така што, веруваме дека ќе се изнајде соодветно решение и со овој случај “, велат од Министерството за образование и наука.

директорите на училиштата обично ги издаваат дворовите на приватни фирми со образложение дека ќе се одржуваат спортски терени кои за време на наставата ќе можат да ги користат и учениците.

После завршување на наставата, спортските терени ги користат спортски клубови или граѓани кои спортуваат до доцна во ноќта.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет