
Велешкиот второлигаш Борец за пролетниот дел од сезоната се засили со Бујар Хајдар, кој доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт од Охрид.
Се работи за млад и квалитетен играч од нападот, кој треба да биде одлично освежување во редовите на тимот кој во пролетниот дел ќе го предводи искусниот Горан Симов.
22-годишниот Хајдар низ својата кариера има настапувано и Влазнија од Абанија, Скопје, Работнички и за Шкупи.
Борец презимува на претпоследното место со пет бодови на своето конто и во пролетниот дел ќе има силен предизвик да го избори опстанокот и со тоа да остане во второлигашкото друштво, откако експресно се врати од Трета во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет