Најдобриот стрелец на Кожуф си замина – Дарко Грозданоски ќе продолжи во нова средина!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Најдобриот стрелец на второлигашот Кожуф од Гевгелија си замина, Дарко Грозданоски ќе продолжи во нова средина.

25-годишниот фудбалер кој има српско и македонско државјанство во тимот од Гевгелија се задржа само една полусезона, откако Грозданоски пристина од редовите на црногорскиот второлигаш Грбаљ.

Грозданоски за Кожуф постигна седум погодоци и со тоа тој е најдобар стрелец за тимот кој во пролетниот дел ќе има видно измет лик, но и нов тренер. Како што веќе информиравме Славчо Георгиевски – Тупан пристигна на местото на Филип Деспотовски.

Низ кариерата сега веќе поранешниот играч на Кожуф, Дарко Грозданоски, има настапувано за повеќе екипи, кариерата ја започна од младинските категории на Црвена Ѕвезда, продолжи во Прва Искра, по што го напушти српскиот шампионат и дојде во македонскиот настапувајќи за Силекс, потоа за Тиквеш, Победа, Вардар, па замина во Кипар каде една полусезона одигра за Олимпиас Лумпион, од таму замина во струмичка Беласица, па следуваше настапот за црногорскиот второлигаш Грбаљ од каде се пресели во Кожуф од Гевгелија, но само една полусезона.

Во следниот период ќе биде познато каде ќе продолжи Грозданоски, кој е на радарот на повеќе екипи.

Александар Ванев, М-Нет